27.10.2022 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон, и германскиот канцелар Олаф Шолц, на средбата во Париз се ракуваа со насмеани лица, но ги игнорираа прашањата за тензичните односи додека влегуваа во Елисејската палата.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, долета во престолнината на Франција поради итно закажан работен ручек за да се најде заеднички јазик, откако францускиот претседател минатата недела го одложи заедничкиот состанок на кабинетите поради разликите, од енергетската политика до одбраната.
Пред да пристигне Шолц, потпаролот на француската влада, Оливие Веран, го намали значењето на разликите, и истакна дека после денешната средба ќе се докаже дека долгогодишното пријателство сепак ќе опстане.
Сепак расте бројот на прашања за кои не се согласуваат Франција и Германија, двете најбогати и највлијателни членки на Европската Унија, од обрамбената стратегија на блокот до одговорот на енергетската криза, односите со Кина, па дури и фискалната политика.
Минатонеделната одлука на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за одложување на заедничката седница на владите ја истакна фрустрацијата на Макрон, додека пак Берлин се правдаше со логистички тешкотии и ги ублажи тврдењата за раздор.
Подготвено од М.Н.