https://www.facebook.com/photo/?fbid=1511628815562971&set=a.296815349143356

03.10.2022 Скопје

Во Владата утре попладне ќе биде оддржана средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека повикот од премиерот Ковачевски за утрешната средба е прифатен и дека ќе присуствува економски тим предводен од лидерот Христијан Мицковски. Од економскиот тим велат дека премиерот Ковачевски ќе биде запознаен со понудите од нивните ресурси и дека за оваа проблематика со енергетската криза би требало почесто да се разговара и заедно и да се изнајдат најбезбедни заеднички решенија за своите граѓани.

Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека најголемите компании се погодени од цените на електричната енергија и истите според оваа цена треба да дадат околу половина милијарда евра за сметка за електрична енергија.

Стопанската комора имаше и предлози дадено до Владата, бизнисот вработува 650.000 граѓани и тој е тој кој го полни буџетот и дека поради тоа треба да се помогне и на бизнисот а моментално бизнисите во Северна Македонија имаат најскапа струја во регионот, изјави Маја Кадиевска.

Подготвено од М.Н.

About Author