07.10.2022 Скопје
Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ, во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта.
Во соопштението од Министерството за енергетика се наведува дека за Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ).
Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“.
Во соопштението се објаснува дека постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегедин, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија. Додека пак, втората опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра.
Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.
Подготвено од А.Ѓ.