https://www.facebook.com/photo/?fbid=647242236988926&set=pb.100051094670379.-2207520000..

08.10.2022 Скопје

Денеска, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија не може да дозволи Косово да стане членка на ОН, како што предлагаат Германија и Франција и дека тоа ќе има последици.

Според Вучиќ, на маса биле два предлога, француски и германски, според кои на Србија би ѝ било понудено брзо членство во Европската унија, доколку го дозволи и поддржи зачленувањето на Косово во Обединетите нации.

Српскиот претседател Вучиќ посочи дека на маса имаат предлог од двете најголеми сили, Германија и Франција, и за тоа мора да се разговара, затоа што би било неодговорно да се „фрлат“ предлозите низ прозорец. Воедно, додаде дека не може да зборува за деталите на тој документ, но суштината е дека Србија му дозволува на Косово да влезе во сите меѓународни институции, вклучително и ОН, а Србија за тоа, не е прецизирано, ќе добие брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки.

Вучиќ, исто така, посочи дека за Србија и поради Уставот, но не само поради тоа, неприфатливо е Косово да биде членка на ОН и дека тоа ќе сноси свои последици, бидејќи целата идеја се заснова на Србија, без формално да го признае, да покаже дека е согласно со членството на Косово во ОН. Воетно, тој смета дека идејата на Европа е што поскоро да се реши косовското прашање, меѓу другото и за да се извади тој аргумент од рацете на рускиот претседател Владимир Путин.

Според српскиот претседател Вучиќ, Албанците ги избираат сите теми на разговорите со претставниците на ЕУ и дека најголемата грешка на Србија е што дозволила разговорите да влезат во јурисдикција на Европската унија.

Вучиќ потенцира дека српското раководство, додека тој е претседател, нема да има волја да ја прифати независноста на Косово и Членството на Косово во ОН.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author