mleko vo prav

25.10.2022 Скопје

Минатата година во Србија биле увезени 3.249 тони млеко во прав, додека за осум месеци од годинава, количеството на увезено млеко во прав е повеќе од двојно зголемено, на 7.077 тони. За тоа е платена тројна сума, вкупно 27,9 милиони евра.

Агроекономистот Милан Простран истакна дека зголемениот увоз на млеко во прав најверојатно е за стоковните резерви, како и што беше најавено.

Сања Бугарски, претседател на Сојузот на здруженија на сточари, посочи дека сегашната состојба е почеток на дефинитивен дефект и колапс во производството на млеко. Воедно, таа истакна дека производителите нема да издржат следната година, бидејќи нема да имаат со што да ги хранат животните, а нема да има ниту млеко.

Агроекономистот Простран потсети дека во наредните месеци ќе се зголеми увозот на сурово млеко.

Според одлуката, во наредните денови и месеци ќе се увезе поголемо количество млеко од Полска, бидејќи Србија нема доволно молзни крави и доволно сурово млеко.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author