malini

20.10.2022 Скопје

На саемот за овошје и зеленчук „Фрут Атракшн“ во Мадрид, српските бизнисмени склучија извозни зделки во вредност од над пет милиони евра.

Најзаинтересирани деловни партнери за нивните производи се од ОАЕ, Саудиска Арабија, Египет, Шпанија, Франција и Индија. На националниот штанд на Србија, беа претставени 11 производители и извозници на овошје.

„Фрут Атракшн“ е еден од водечките меѓународни саеми на производители на овошје и зеленчук во светот со голем капацитет за промовирање на глобалниот извоз и претставува важна точка на средба и поврзување на професионалците од овој сектор. Оваа година на саемот се претставија повеќе од 1.800 изложувачи од 55 земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author