https://www.flickr.com/photos/eu2017ee/23535991788

02.10.2022 Скопје

Според анкетата која е излезена од агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС има добиено 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат. Втори по ред на анкетата се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од вкупните гласови.

На трето место се наоѓа политичката партија Движењето на права и слободи, со добиени 14,8 отсто гласови, четврти се БСП со 10,9 отсто гласови. Националистичките „Преродба“ 10,1 отсто, „Демократска Бугарија“ 7,4 отсто, и партијата „Има таков народ“ 4,6 отсто гласови.

Под прагот за влез на новото Народно Собрание на Бугарија, остануваат „Исправи се Бугарија“ со 1,2 отсто и ВМРО со 0,9 отсто гласови.

Останува да се официјализира дали ова се крајни резултати од овие вонредно парламентарни избори во Бугарија и дали конечно ќе се формира влада во државата.

Подготвено од М.Н.

About Author