25.10.2022 Скопје
Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ, беше специјален гостин во Турција каде што отвори нов музеј на турската екипа Фенербахче.
Нашата кошаркарска легенда Перо Антиќ, остави голема трага во Турција каде што со екипата на Фенербахче ја освои Евролигата под водство на тренерот Жељко Обрадовиќ.
Во изјава за турски медиуми, Антиќ потенцирал дека Фенербахче засекогаш ќе има посебно место во неговот срце, и дека клуб каков што е Фенер, заслужено има ваков музеј.
Подготвено од М.Н.