https://www.facebook.com/photo.php?fbid=532208972241856&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

07.10.2022 Скопје

Во Прага, во текот на вчерашниот ден за првпат се одржа средба на Европската политичка заедница, на која учествуваа 44 лидери од сите земји од континентот во широка смисла. Станува збор за иницијатива која во мај годинава ја промовираше францускиот претседател, Емануел Макрон, а која веќе по еден месец доби своја официјализација во јунските заклучоци на Европскиот совет.

Делегацијата на Северна Македонија ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски, кој ги истакна позициите, моменталната состојба во Северна Македонија, како и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетска криза.

На средбата беше истакнато дека регионот на Западен Балкан е еден од најпогодените, затоа што производството на електрична енергија е базирано на лигнит и тоа од многу стари термоелектрани на јаглен, кои во дадениот контекст се неефикасни.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на вчерашниот ден во Прага оствари средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Како што соопштуваат од Владата, на средбата Ковачевски и Нехамер разговарале за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Воедно, тема на разговор биле и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување. Премиерот Ковачевски, на средбата, истакнал дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скриниг и дека очекува полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Двајцата се согласиле дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.

https://www.facebook.com/photo?fbid=532440718885348&set=pcb.532442192218534

Од Владата соопштија дека премиерот Ковачевски остварил билатерална средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата, двајцата премиери дискутирале за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Северна Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори. Пленковиќ истакнал дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ. Пленковиќ и Ковачевски се согласиле дека само заеднички и со интезивирање на регионалната соработка може да се преброди светската енергетска криза.

https://www.facebook.com/photo?fbid=532382178891202&set=a.332395498889872

Ковачевски, во текот на вчерашниот ден во Прага, оствари средба и со грчкиот колега Киријакос Мицотакис. Ова е втора средба која се случува по само неколку недели, кога премиерот Ковачевски и владината делегација беа во Атина на средби со грчката влада предводена од премиерот Мицотакис, на која меѓу другото беше договорено непречено снабдување со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција. За време на разговорот во Прага, двајцата премиери ја потенцирале важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал, ако се земат во предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасно поврзување помеѓу двете земји.

https://www.facebook.com/photo?fbid=532309122231841&set=a.332395498889872

Подготвено од А.Ѓ.

About Author