https://www.facebook.com/photo/?fbid=556012636528156&set=pb.100063582736486.-2207520000.

29.10.2022 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, од трибината на СДСМ која се оддржа во Прилеп, изјави дека, власта не бега од предизвиците, туку е посветена на нивно решавање, за да не страда народот и да не трпат компаниите и со новите мерки што ќе се преземат очекуваат намалување на цените на основните производи и до 10 отсто.

Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб отсега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи.

Премиерот Ковачевски, истакна дека производството на струја е максимилизирано и дека веќе неколку денови ЕСМ произведува електрична енергија која задоволува 100 отсто од потребите на домаќинствата.

Подготвено од М.Н.

About Author