https://www.flickr.com/photos/prof_richard/8205943135

07.10.2022 Скопје

Благородниците, со векови, склучувале бракови од интерес со други членови на аристократски семејства, па во брачниот живот имало малку место за љубов. Но, модерното време им донесе слобода на избор, па така нивните сопруги денес се „обични девојки“.

На радост на оние кои веруваат во бајки, времето кога кралевите и принцовите се женеле исклучиво за принцези е одамна зад нас, па жените за кои секојдневно читаме, највлијателните припаднички на кралските семејства, пред средбата со благородниците со кои подоцна се венчале, биле „обични смртници“ кои се разликувале премногу од било која друга девојка која можете да ја сретнете на улица.

Шпанската кралица Летиција, сопругата на Фелипе Шести, е најпознатата од нив и е највредна членка на шпанското кралско семејство. Летиција речиси секојдневно има обврски, а ретки се хуманитарните и културни настани во Шпанија на кои таа не присуствува. Воедно, е многу ангажирана и во работата во повеќе добротворни организации и фондации. Пред љубовта со шпанскиот крал, тогашен принц, била Летиција Ортиз Рокасолано и работела како новинарка на тамошниот јавен сервис. Поранешниот шеф на Летиција, Алфредо Урдачи, открил дека таа сакала да продолжи да работи како новинар и по венчавката со Фелипе Шести, но нејзиниот свекор и тогашен крал Хуан Карлос Први го одбил тоа.

https://www.flickr.com/photos/188231786@N05/49847449942/in/photolist-2iWRdd7-DXyvTe-QvwnZL-XvG9Qd-2hKE7QP-2iksdbd-2jhCLaa-o2LcED-Mapp4R-AMKMVi-qRydoN-2jp8JgR-2jhCL9i-JsmFkU-HqAMqe-HPhYbh-nKgKK8-B4shRQ-pQq9xB-2ciUcAD-23SSYGE-bVwT9x-Wub9xx-2gEaE8k-AU7TsJ-o2LamR-nKgUSA-FixkJF-o2Etk7-7ZThjE-pbm2FL-o2zNtC-28zu1u-BkMiYh-pKewF2-pqtG5q-BmgDtH-pMuS2D-AU7ShC-2iYywp9-pycLmN-pqSvrz-A7tD7Q-q7dCgR-PNdNKx-HCuEZw-278Pjrr-WAD8bj-pxiSzU-2hUP6ft

Најпозната помеѓу сопругите на принцовите е Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и избраничка на сопругот Вилијам. Мидлтон, според пишувањата на британските медиуми, го запознала принцот во текот на студиите, по кои работела како помошник при купување аксесоари во една продавница на брендот „Jigsaw“. Познато е и дека Кејт помагала во компанијата на нејзиниот татко, но и дека кралското семејство не ја сметало за „претерано вредна“.

https://www.flickr.com/photos/thestarsfact/34954860360/in/photolist-VfQNbd-qxUUxi-2i3xaSt-jcSVE9-cDZixf-q7rMSZ-neFaea-f6S3E8-9spwZZ-q7zLdh-9m76Dk-jcT23y-AA9L3V-neFaaT-9ssvzQ-qxUULe-cDZi1b-qgn2RS-qgtmxg-qguVWX-cDZk3d-9spw7p-9sswvN-paE28b-jcSeBc-PSz4qD-paE3am-PSz4At-ditrou-naEGVS-nRDFP4-Tgxjfk-q7h84a-dits4m-G2anHo-ditquB-ditpG1-ditpjJ-ditr35-dituaa-qgmoQA-pAVq4S-ditrHG-ditsFw-qxRdf7-qgtmSK-ditrLM-ditoZm-pQ2cbx-qxRcVQ

Меган Маркл е најпопуларната членка на британското кралско семејство и таа пред љубовта со принцот Хари беше релативно позната актерка. Најпозната нејзина улога е во канадската серија „Suits“.

https://www.flickr.com/photos/185025073@N07/48937671383/in/photolist-2hysmJT-2nkUwp1-21ovpvi-So5551-2hgM6V8-wrQ6Kw-2b1vshi-2dNMW5H-2ht4FcW-FnzMwe-VTjdyy-26C1dys-EKQbDL-2mhGpqx-2im3Qjj-22gM1TS-22gKzKh-wHJfJS-RoasWF-FtazY6-VTjdE5-W96rDR-2mMuPbb-UUyKKr-27gkxTG-wrPQeu-UUyKhx-wrPSRo-VWysYD-URK7vy-W96oag-2fdmZyk-VWytJ6-27DxYXf-2jgRYt1-24yvvn9-c1q9co-W96omt-2d8d6rv-2iQhWNZ-2jibX4j-24xarpW-2eU6fGg-wG8aLf-VWyu1t-NSSBY3-22gM1Z3-wJrPBB-2jWbNLb-W96oLM

Принцезата Шарлин од Монако е во брак со принцот Алберт од Монако, кој го запознала „на работа“. Шарлин била прославена јужноафриканска пливачка и се натпреварувала на Олимписките игри за својата земја, а идниот сопруг за првпат го сретнала по еден натпревар.

https://www.flickr.com/photos/violaine-martin/29541072333/in/photolist-251zi5j-2bQSXug-a7GCiy-uH4Dbo-2i5YfsJ-M1rHBk-coN3F-xBMh8A-9ZidLL-M1s54y-MQxYxa-2i5ULoj-drkBxq-pMMF1e-2kn2Uv8-3WM9iy-M1s5Dw-2d8nSBc-M1s5SY-QbM1Jj-e2BD8o-e2BCW7-2hfJL12-e2BCUo-4Bm34e-2hfGYJT-e2BCFS-e2vZQp-gswctt-e2vZVr-e2vZJi-e2vZDM-e2vZXX-e2vZTp-e2BCAs-e2w1cP-2jrqNVp-2mXEF3R-e2w1ke-e2BCo7-e2BCuW-e2BCYE-e2w1nv-e2w1i2-e2BCtb-8Tpbc-2d8nSED-87bE6W-2mbCQkG-NzcinK

Принцезата Софија, војвотката од Вермленд, која е сопруга на шведскиот принц Карл Филип, ѝ станала позната на шведската јавност како манекенка, учесничка во реално шоу, а повеќепати позирала во бикини за машки списанија. Софија, кога имала 21 година, се преселила во Њујорк за да студира сметководство, додека во Стокхолм студирала глобална етика. Таа е сертифициран инструктор по јога, а познато е и дека кратко работела како келнерка во главниот град во Шведска.

https://www.flickr.com/photos/97469566@N00/18155126694

Подготвено од А.Ѓ.

About Author