27.10.2022 Скопје
Кошаркарската федерација на Македонија, со поддршка од семејството, и во соработка со националната телевизија во Република Северна Македонија, сними документарен филм како сеќавање на еден од најголемите личности на македонската кошарка, Благоја Ѓорѓиевски-Буштур.
Како што доликува на еден великан, сите вклучени во документарецот го дадоа својот максимум, и премиерата на документарецот „Среќна 13ка“, е најавен за во сабота навечер, од 20.50 часот на првиот програмски сервис на националната телевизија.
Пријателите и фамилијата на Буштур ќе ја имаат привилегијата во истиот термин во хотел во Скопје, да бидат на проекцијата на ова сведоштво за големината пред се како личност, а потоа и како најголем великан во македонската кошарка, на Благоја Ѓеорѓиевски-Буштур.
Подготвено од М.Н.