15.10.2022 Скопје
Во последните неколку години, смутито стана синоним за здрава храна, особено кај помладата популација ширум светот. Безброј комбинации, со многу здрави намирници, може да допринесе многу ефикасни придобивки во здравјето на секој поединец, кој ја практикува навиката барем еднаш во денот да конзумира ваков напиток.
Смути е густ пијалак кој се подготвува од сурово овошје и зеленчук, за разлика од соковите од овошјето и зеленчукот, кај смутито се обработува целото овошје, дури и самата кора, а може да бидат додадени и други состојки како вода, мраз, млеко или млечни производи, засладувачи, јаткасти производи, и многу други комбинирани здрави намирници, кои ги комбинира секоја особа засебно, по свој вкус или пак потреба, а резултатот главно секогаш е вкусен и здрав.
На социјалните мрежи може да се најдат безброј рецепти за подготовка на овој магичен напиток, доколку сакате исхраната да биде здрава, кремасти, освежителни, вкусни и здрави смути рецепти, кои ќе ви дадат енергија за целиот ден.
Подготвено од М.Н.