https://www.facebook.com/photo.php?fbid=461193036043857&set=pb.100064594937640.-2207520000.&type=3

18.10.2022 Скопје

Во извештајот на Фридом Хаус стои дека веќе 12-та година по ред, слободата на интернетот опаѓа на глобално ниво.

Причината за тоа, Фридом Хаус ја гледа во влошувањето на условите главно во Русија, но и во Мјанмар, Судан и Либија.

Еден од авторите на извештајот изјави дека руската инвазија врз Украина ја ослабе слободата на интернетот, не само во Русија и во Украина, туку и во целиот свет.

Нивото на слободата на интернетот во Русија, годинава, падна за седум поени – историски пад за државата, особено поради блокирањето на веб-страници и социјални мрежи од страна на Кремљ, кој се обидува да ги цензурира сите дисидентски публикации по повод неговата т.н. специјална воена операција во Украина.

Според Али Фанк, еден од авторите на извештајот, ситуацијата во светот всушност е многу попозитивна од порано.

Од 70 анкетирани земји, 26 покажуваат напредок – особено Гамбија, која неодамна стави крајн на дводецениската диктатура и Зимбабве, која неодамна донесе закон за заштита на податоците.

Од организацијата предупредуваат дека во останатиот дел од светот, пак, ситуацијата не е многу розова. Кина се уште е на дното на рангирањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author