16.10.2022 Скопје
Си-Ен-Ен во новата анализа наведува дека војната во Украина влегува во непредвидлива фаза. Војната во Украина, која со месеци се чинеше дека забавува, повторно избувна во пресрет на зимата.
Кир Гилс, консултант во лондонската невладина организација „Чатам хаус“ задолжен за Русија и Евроазија, изјави дека ова сега што го гледаме во Украина е трета, четврта, можеби петта различна војна.
Си-Ен-Ен наведува дека масовниот руски ракетен напад минатата недела беше проследен со постојано напредување на Украина, но и со огромна експлозија на мостот на Крим, единствениот копнен премин што ги поврзува Русија и Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година. Воедно, е истакнато дека експлозијата на мостот на Крим беше значаен психолошки и стратешки удар за Русија.
Со приближувањето на студените, зимски месеци кои би можеле целосно да ги забават копнените битки, експертите велат дека следните неколку недели од војната ќе бидат критични.
Подготвено од А.Ѓ.