19.10.2022 Скопје
Слави Трифунов кој е лидер на бугарската политичка партија „Има таков народ“, изјави дека новото Народно собрание треба да го врати ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Причина за ова негово барање се измените во Законот за здруженија и фондации, кои на вчерашната седница ги усвои македонското Собрание со поддршка на власта и опозицијата.
Трифунов и неговата партија беа против укинувањето на ветото во претходниот парламентарен состав, но бидејќи немаа доволно пратеници не успеаа да дејствуваат врз одлуката.
Трифунов истакна дека со донесувањето на овој закон целта е исполнета, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија кои се именувани по херои од бугарската историја, кои патем се и херои од нивната нешто подалечна историја.
Северна Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унијата, каде што човековите права и правото на самоопределување се основни, МНР треба да побара објаснување од вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, и откако ќе почне со работа новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.