10.10.2022 Скопје
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, донесе одлука со која жителите на Кисела Вода ќе добијат субвенции за набавка на огревно дрво.
Ѓорѓиевски истакна дека преземањето на мерки за граѓаните во време на најголема криза, ќе остане во негов најголем фокус, бидејќи кога е најтешко треба да се застане еден до друг.
Во овој момент тече подготовката за јавниот повик, на кој ќе можат да аплицираат сите оние кои имаат набавено ваков енергенс за загревање од април оваа година, се до моментот на објавата, истакна градоначалникот Ѓеорѓиевски.
Граѓаните ќе добијат по 500 денари за еден кубен метар огревно дрво, подносителите за оваа субвенција ќе треба да достават доказ за купената количина. Исплатата ќе се врши по принцип, прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата кои се обезбедени од Буџетот на Општина Кисела Вода во висина од 1.200.000,00 денари.
Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека ова е само уште една мерка за поддршка на граѓаните пред почетокот на грејната сезона во услови на зголемување на трошоците за живеење, а пособено на енергенсите, и додаде дека нема да ги остави сами своите граѓани во овој тежок период.
Подготвено од М.Н.