17.10.2022 Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека скопјани пијат чиста и бактериолошки исправна вода.
Во објавата на ЈП „Водовод и канализација“ стои дека со цел подобра информираност на граѓаните на Град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.10.2022 до 14.10.2022, според информациите, има земено 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
Подготвено од А.Ѓ.