Image by frimufilms on Freepik

27.10.2022 Скопје

Со незапирливото влегување во „мејнстримот“ каде криптовалутите може да се купат во продавници или разновидни инвестициски портфолија по совет на приватен банкар, на регулаторите им стана јасно дека крипто нема да исчезне, но неопходни се построги правила на играта.

Од друга страна, индустријата сфаќа дека го достигнала нивото да прифати некои ограничувања кои долго време важат за класичните финансии, од спречување на перење пари, проценка на ризик до заштита на потрошувачите.

На крајот на годината, Европскиот парламент треба да усвои сеопфатна правна рамка фокусирана на Регулативата за пазарите на крипто средства, попозната како МИЦА, чија целосна примена во земјите-членки започнува по 18 месеци.

Во иднина, сите крипто трансакции над 1.000 евра ќе бидат предмет на длабинска анализа, што разбирливо води до незадоволство на инвеститорите навикнати на анонимност со години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author