https://www.flickr.com/photos/188073488@N05/49984020173/in/photolist-2j9VaMg-2kAuwSm-2iURKN9-2mfgmXx-2kqyyAp-2je1mPA-2iG18dR-2mKxTAR-2mfgn1i-2mUYqQi-2kojPqD-2iuj7LE-2iWtSyL-2j6Pn1i-2mcy998-2kZEaiL-2iTJMME-2j6Png8-2j9dSBC-2iUWJpb-2knJG1h-2jDCwrG-2n8JGRn-2jdNjV1-2mcy7xT-2m9dt4c-2mrRPDS-2juE1kR-2jkfYNx-2kN3etW-2kENR97-2kMzwqy-2iXQBvm-2n21BVZ-2iQzuE4-2iBD4CW-2isJpp7-2iWo9d1-2jf4K6H-2iLSvLv-2jkjvTS-2iSPy4N-2iUu8sf-2kGvwdc-2jjQ8cX-2iTLWv7-2iNGo39-2iQYp3R-2iMemh9-2kRGgCB

20.10.2022 Скопје

Резултати од ново шкотско истражување покажале дека поголемиот дел од пациентите кои што страдаат од долг ковид и имаат еден или повеќе упорни симптоми по 12 месеци откако биле заразени, тие симптоми ќе траат подолго, дури и до 18 месеци.

Речиси половина од пациентите се уверени дека дури и по поминат период од година ипол немаат закрепнато, додека пак најмалку еден од 20 веруваат дека воопшто не заздравеле.

Истражувачите предводени од професорката Џил Пел од Универзитетот од Глазгов, ги анализираа податоците на 33.281 лице, кои имале Ковид-19 по почетната инфекција, како и година ипол подоцна.

Долгиот ковид бил поверојатен кај оние луѓе кои што морале да бидат хоспитализирани поради инфекција од коронавирусот, кај жените, кај луѓе со понизок имунитет и кај оние кои и претходно веќе имале поголеми здравствени проблеми.

Најчести симптоми кај пациентите со долг ковид според истражувањето биле, отежнато дишење, болка во градите, тахикардија, конфузија и мозочна магла.

Подготвено од М.Н.

About Author