https://www.facebook.com/simontrpceski/photos/a.10150864364879377/10150864364889377

10.10.2022 Скопје

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со Македонскиот пијанист Симон Трпчески и дигиталниот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко, вечерва ќе продолжи во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија.

Нашиот пијанист Симон Трпчески, своите концертни настапи до крајот на месецот ќе ги продолжи во Романија, Ирска и САД.

Трпчески за кого хрватските медиуми велат дека е еден од најбараните пијанисти во денешно време, овие денови е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки минатата вечер блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар, кој што минатата година одбележи 75 години од своето постоење. Од „Ватрослав Лисински“ настапот го најавиле како „концерт на годината“ и одушевената загребска публика, Трпчески и оркестарот, ја наградиле со по две изведби на бис.

Македонскиот пијанист Симон Трпчески, учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Грин. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека пак британските медиуми ги нарекуваат „тим од соништата“.

Подготвено од М.Н.

About Author