https://www.facebook.com/heineken/photos/10162804424327355/

27.10.2022 Скопје

Благодарение на укинувањето на пандемските ограничувања во Азија и високите температури во Европа кои го надминуваат влијанието на инфлацијата, холандскиот производител на пиво Хајнекен бележи силен раст на приходите во третиот квартал.

Во периодот од јули до септември, Хајнекен продал 8,9 отсто повеќе пиво отколку во истиот период лани. Нивните приходи скокнаа за 27,5 отсто, на 9,4 милијарди евра.

Компанијата стравуваше дека инфлацијата може да ја ограничи куповната моќ на потрошувачите и да влијае на потрошувачката на пиво.

Ројтерс забележува дека Хајнекен се соочува со повисоки трошоци за суровини и енергија, како и другите производители на пиво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author