https://www.flickr.com/photos/stortinget/35921768213

26.10.2022 Скопје

Новата Шведска влада е спремна да се договара со Турција за својата кандидатура во НАТО, изјави новиот шеф на дипломатијата Тобијас Билстрем.

Билстрем истакна дека Шведска би можела да ги исполни сите точки од трилатералниот меморандум кој на крајот на јуни го потпишаа со Финска и Турција.

Билстрем исто така истакна дека го поддржува ставот на Турција и Европската Унија за Работничката партија на Курдистан (ПКК), додавајќи дека тоа е терористичка организација и дека Шведска ја разбира загриженоста на Турција.

Шефот на дипломатијата, Тобијас Билстрем, додаде дека неговата земја е спремна да ги одржи ветувањата но дека тоа мора да биде на законски и безбеден начин во согласност со уставот на Шведска.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *