https://www.freepik.com/free-photo/male-female-hands-close-up-with-cocktails_4201325.htm#query=alcohol&position=2&from_view=search&track=sph

27.10.2022 Скопје

„Sober October“ е глобална акција која поттикнува апстиненција од алкохол во текот на целиот месец. Иако „Трезен октомври“ не звучи толку добро, јасно е за што се зборува. Има многу кои се откажале од алкохолот во текот на овој месец за да учествуваат во оваа кампања. Овој предизвик трае 31 ден, а сите средства кои ќе се соберат за време на кампањата одат за лекување на ракот, а идејата потекнува од Британија. Сигурно и оваа акција е добар начин да го ресетирате вашето тело и да го исчистите од алкохолот кој можеби сте го внесувале во прекумерни количини во текот на летото.

Ешли Лоеб Бласингем, една од основачите на програмата за закрепнување, истакна дека постојат многу здравствени придобивки кои ќе настапат како резултат на апстиненција од алкохол за еден месец, додавајќи дека апстиненцијата ќе се покаже како добра за сите на некој начин, но можете да сметате на многу подобар сон, подобра меморија, подобар имунитет и помал ризик од развој на рак.

Можеби ќе ве изненади што ќе дојде до губење на килограмите ако престанете да пиете алкохол, но не заборавајте дека алкохолот често значи и многу калории.

Д-р Лоренс Вајнштајн, директорка на центарот за зависности, истакна дека за четири недели ќе дојде до зајакнување на имунолошкиот систем, меморијата ќе биде подобра, промените во расположението ќе исчезнат, ќе ослабете, ќе имате чиста кожа и ќе бидете помалку импулсивни во реакциите, додавајќи дека тука има и невролошки придобивки од апстиненцијата, од кои некои ќе се забележат во рок од 7 дена, но многу посилно по еден месец.

Пиењето алкохолни пијалаци е фактор на ризик за појава на бројни хронични заболувања и се поврзува со појава на некои малигни заболувања кои се во пораст, како што се: рак на дојка, црн дроб, дебело црево, желудник, панкреас, хранопроводник.

Во борбата против незаразните хронични болести, Светската здравствена организација (СЗО) намалувањето на штетното консумирање алкохол го стави како една од приоритетните цели до 2030 година. Во спречувањето на штетното консумирање алкохол, СЗО препорачува сеопфатни интервенции насочени кон: намалување на достапноста, информирање на населението за ризиците, намалување на побарувачката и интервенции на здравствените служби за рано препознавање на ризикот и навремено лекување.

Според податоците на Светската здравствена организација, европскиот регион е регион со најголема потрошувачка на алкохолни пијалаци во светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author