https://www.flickr.com/photos/partyofeuropeansocialists/52428950877/in/photolist-2nSY5uV-nK6zoY-pG2xfw-4VmxAh-8EHLVH-8NeEbT-bATF8R-8NfcjV-8Nfck4-9i7sP6-qWbsDK-2ghe6fM-sqzMyA-2kaXuoW-2kaXuJW-2kaXNBt-2kaYf2H-mPRkLZ-jw5wuw-2mR4zhc-8CQAxG-2mR4zoe-8CQAq9-p2qD64-2nT3mxE-8CQAku-8CMv9P-8CMvfX-pVaJqK-7DLhmX-7DQ6Gw-7BAwj7-2mPtvLG-gP9x3j-9biDJD-7BK5XF-9biDir-9bmMDY-2ntSSsL-2kZWQjT-2ntSV5B-9MDqPi-K5DboC-ejq1ZG-7v2jLo-9MG7zw-2nrfqHw-2nT1DwG-3MA7q6-2nSY5tY

25.10.2022 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на меѓународната конференција во Берлин, изјави дека веднаш мора да почне обновата на Украина, додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, апелираше за помош на буџетскиот дефицит на земјата во наредната година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференцијата, на која учествуваа политичките лидери и експерти, оцени дека обемот на уништувањето во Украина е запрепастувачки.

Светската банка ја проценува штетата во Украина на 350 милијарди евра и тоа е премногу голема сума за било која земја или пак организација да може да ја обезбеди сама, истакна фон дер Лајен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати на учесниците на конференцијата преку видеоврска, апелираше за поддршка од меѓународната заедница за буџетот за 2023 година.

Зеленски додаде дека се работи за голема сума од 38 милијарди долари, во која сума спаѓаат и платите на наставниците, лекарите, а тука се и социјалните давачки и пензиите, потенцираше украинскиот претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author