rusija i eu

27.10.2022 Скопје

И покрај санкциите на Брисел против Москва, шест земји од ЕУ го зголемија извозот на стоки во Русија во јули годинава, во однос на истиот месец во 2021 година, а на врвот на листата се Хрватска и Словенија.

Во јули, извозот на Хрватска во Русија изнесува 18,4 милиони евра, додека словенечкиот извоз е проценет на 98 милиони евра, што е раст од 59, односно 56 отсто на годишна основа.

На годишно ниво раст на извозот на стоки во Русија забележаа и Естонија за 16 отсто, Бугарија за 10 отсто, Австрија за пет отсто и Латвија за еден отсто.

Податоците, анализирани од Спутник, откриваат дека другите земји од ЕУ значително го намалиле обемот на извозот во Русија, Кипар за дури 99 отсто, Луксембург за 82 отсто, Франција за 76, Шведска за 75 и Чешка за 70 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author