https://www.flickr.com/photos/163893937@N06/39707404360/in/photolist-23uNPW1-5t9mH1-NxXESR-egKQov-pcn5sJ-5t4WEK-8JPYEo-zQPcoz-73Uipn-xZJs2u-5sBAup-9uyzSA-75jofy-7aNuYq-gUDpQq-5t4Xpa-gRhmLj-D3G7xe-2gY3pfQ-pP2joV-gRie3i-74nAr8-aqocon-aV2XTK-2biiuek-7aG7o7-5QUUva-74KBaw-kNptPi-kNptxM-5BqZHM-8M9bVR-MNwESs-2j4SP3o-76oRRE-gRhkHY-gqojmq-5uV9kv-pxyMmi-gRheNF-5t9mmb-5t4XM8-kNppRi-gRhh9T-ptQeSH-9nqTK1-kNrtto-kNrvTU-5uFGXn-2jMUw9B

06.10.2022 Скопје

Октомври е месец на борба против рак на дојка, месец кога низ целиот свет се организираат бројни здравствени настани кои имаат за цел да ја истакнат важноста на раното откривање и редовните дијагностички прегледи.

Во земјава од 2020 година биле регистрирани 988 новозаболени жени од рак на дојка и 316 регистрирани смртни случаи.

Многу жени имаат мислење дека првиот симптом на оваа болест е појавата на грутка, но симптомите можат да бидат од различен карактер, односно од гореспоменатата грутка па се до промена на кожата или брадавиците.

Секоја промена на текстурата на кожата на или околу градите може да биде знак дека нешто се случува што треба да биде проверено од страна на стручно медицинско лица, појава на црвенило или осип, иако е многу редок симптом на рак на дојка, сепак се јавува во одредени случаи.

Појавата на грутка или згуснување на кожата, која не е видлива со голо око, но може да се почувствува, е обично еден од првите симптоми за рак на дојка, немора да значи дека секоја грутка е рак, но дефинитивно е знак за да се направат дополнителни испитувања.

Исто така и секоја промена на брадавицата може да биде еден од симптомите за оваа болест, доколку брадавицата е повлечена, тоа може да укаже на постоење на грутка зад брадавицата која го стега ткивото и предизвикува повлекување.

Уште еден симптом кој не е за занемарување е видливите вени на дојката, и авај симптом се сведува на тоа дека постои можност во внатрешноста да постои грутка која ги притиска крвните садови и предизвикува зголемено снабдување со крв на дојката.

Оток или болката под пазувите може да има многу причини, но една од нив е можноста за рак на дојка. Ова може да биде знак дека тумурот се има проширено на лимфните јазли, и поради тоа е многу важно при самопрегледот да биде вклучен и пределот околу пазувите, за навреме да бидат забележани сите промени.

Подготвено од М.Н.

About Author