15.10.2022 Скопје
Радмила Шекеринска, поранешен министер за одбрана и потпретседател на СДСМ, во Берлин е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
Шекеринска изрази благодарност до новиот претседател на партијата, Стефан Лвен, кој го дал предлогот и до сите нејзини колеги кои го поддржале.
Димитар Ковачевски, премиерот и лидер на СДСМ, упати честитка и оцени дека ова е голем успех за земјата и за сите македонски социјалдемократи.
Подготвено од А.Ѓ.