https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/51217501611

03.10.2022 Скопје

Директорот на нуклеарната центрана Запорожје, кој во петокот беше уапсен и приведен од страна на руска патрола, денес е пуштен на слобода. Киев за неговото апсење ја обвини Москва и тоа го нарече  терористички чин.

Украина во петокот соопшти дека руска патрола го уапсила Игор Марашов, додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар каде што живеат голем број на вработени во централата.

Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси, изјави дека добил потврда за директорот на нуклеарната централа Запорожје,  дека Мурашов е со своето семејство и е на безбедно.

Гроси оваа недела треба да ги посети Москва и Киев, каде ќе биде учесник на преговори.

ИАЕА во саботата објави дека притворањето на Игор Мурашов, директно и сериозно ќе влијае на одлуката за гарантирање на безбедност и заштита на нуклеарната централа, и покрај тоа што со објектот и понатаму управува украински персонал, оваа постапка ќе ги отежне постоечките безбедносни проблеми со нуклеарната централа Запорожје.

Подготвено од М.Н.

About Author