18.10.2022 Скопје
Денеска, словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон ќе престојува во официјална посета на земјава, при што ќе се сретне со нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Министерството за надворешни работи соопшти дека покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамки на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.
Во рамки на престојот на министерката Фајон во Скопје, се очекува Фајон да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Подготвено од А.Ѓ.