02.10.2022 Скопје
Романскиот претседател Клаус Јоханис, заедно со уште седум претседатели на земји-членки на НАТО од Централна и Источна Европа, меѓу кои е и Северна Македонија, потпишаа заедничка изјава со која изразуваат поддршка за пристапот на Украина во Северноатланската алијанса.
Романскиот претседател на својата веб-страна го објави документот во кој се наведува дека силно јаподдржуваат одлуката на самитот на НАТО во Букурешт од 2008 година за идниот прием на Украина.
Документот е потпишан од Литванија, Полска, Северна Македонија, Естонија, Чешка, Словачка и Црна Гора. Претседателите на овие држави кои го потпишаа овој документ, ја изразија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а исто така изјавија дека не ги признаваат референдумите во четирите украински области, кои Русија ги припои кон себе.
На изјавата на Зеленски реагираа многу американски политичари и претставници на Белата куќа. Помошникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливан, изјавил дека сега не е вистинско време Украина да се приклучи кон НАТО, додека пак претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, остана без свој став и не изјави ништо конкретно за тоа дали САД го поддржува членството на Украина во НАТО алијансата.
Подготвено од М.Н.