https://www.facebook.com/photo.php?fbid=512634924021244&set=pb.100058242211812.-2207520000.&type=3

20.10.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, британската премиерка Лиз Трас се соочи со драстично влошување на проблемите со нејзиниот владин кабинет, откако еден од најважните министри поднесе оставка, висок соработник на „Даунинг стрит“ беше суспендиран, а и се разгори бунтот во нејзината Конзервативна партија.

Суела Брејвермен, миленичката на десницата која стана министерка за внатрешни работи, по неуспешната кандидатура за партиското лидерство, поднесе оставка во средата попладне откако призна „грешка“ во справувањето со официјални документи.

Нејзиното писмо со оставка звучи како напад врз премиерката Лиз Трас. Во писмото, Брејвермен пишува дека работата на владата се потпира на тоа дека луѓето ќе ја прифатат одговорноста за своите грешки и понатаму ќе се продолжи како сите да не гледаат дека ги направиле и да се надеваат дека работите „магично“ ќе се исправат, не е сериозна политика.

Гран Шапс ќе биде нов министер за внатрешни работи. Шапс беше главен поддржувач на конкурентот на Трас, Риши Сунак за време на трката за лидер на Ториевците.

Вчера, пратениците од Лабуристичката партија повикуваа и на истрага, откако обвинија група министри од кабинетот на Трас дека физички „управувале“ со пратениците од ториевците, од кои најмалку еден бил во солзи, да гласаат за поддршка на владината позиција.

Џејкоб Рис-Мог, бизнис секретарот, негираше какво било „малтретирање“, инсистирајќи на тоа дека разговорите со пратениците биле „сосема нормални“.

Иако официјално Трас е безбедна од лидерски предизвик во партијата до следниот септември, повеќето ториевци веруваат дека доколку половина од парламентарната партија побара нејзина оставка, таа нема да има друг избор освен да се повлече.

Во септември, Трас дојде на чело на Конзервативната партија и на државата, откако беше министерка за надворешни работи во владата на Борис Џонсон, кој беше принуден да се повлече по серијата скандали во кои беше вмешан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author