17.10.2022 Скопје
Студијата на кампањата за здравствено осигурување покажа дека еден од десет Германци, заразени со коронавирус, продолжува да оди на работа и покрај тоа што е болен.
Според податоците на „Пронова бе ка ка“, девет проценти од лицата со дијагноза на коронавирус со благи симптоми одат на работа.
Околу 33 отсто велат дека остануваат во нивниот дом дури и ако имаат благи симптоми, а 17 проценти затоа што добиваат третман, седат дома само додека не поминат потешките симптоми. Околу 17 отсто посочуваат дека проблемот не ги засега, бидејќи и онака работат од нивното живеалиште.
Во истражувањето се наведува дека генерално, поголемиот дел од работниците признаваат дека одат на работа дури и кога се болни, а најчести се болките во грбот и алергиите.
Подготвено од А.Ѓ.