26.10.2022 Скопје
Најновата холандска студија покажа дека секој ден несвесно внесуваме повеќе од 900 парчиња мала пластика, или микропластика, во нашите тела.
Тоа се мали парчиња кои го загадуваат воздухот, водата и храната што ја јадеме.
Научниците открија дека носиме микропластика во нашиот крвоток, но сè уште не е јасно колку всушност е опасно за здравјето на луѓето.
Холандската студија покажува проценува дека денешните деца внесуваат повеќе од 500 парчиња микропластика дневно, додека возрасните внесуваат дури повеќе од 900.
Студијата спроведена на почетокот на 2022 година во Холандија пронајде докази за микропластика во човечката крв.
Подготвено од А.Ѓ.