Image by senivpetro on Freepik

28.10.2022 Скопје

Дваесеттина пекарници во Холандија се принудени да затворат поради наглото зголемување на инфлацијата предизвикана од енергетската криза.

Мари-Хелен Сенгеринк, директорка на холандската Асоцијација на бизнисмени од областа на лебот и кондиторските производи (НБОВ), изјави дека пекарниците во Холандија се принудени да затворат поради зголемените цени на суровините и струјата, потенцирајќи дека трошоците се зголемени за 80 отсто. Воедно, истакна дека тоа важи за сите работни места, стотици работници во пекари би можеле да ги загубат своите работни места.

Сенгеринк додаде дека повеќето пекарници во последно време ги зголемија цените двојно или тројно, но ова не може да трае вечно, луѓето мора да продолжат да купуваат леб и колачи.

Според Сенгеринк, надлежните мора да реагираат.

Претходно, беше објавено дека властите на Холандија планираат да доделат 3,1 милијарда евра на малите и средни претпријатија како компензација за зголемените трошоци за електрична енергија. Оваа мерка ќе важи од ноември годинава до крајот на 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author