26.10.2022 Скопје
Иако беше елиминирана од репрезентацијата на Македонија во плеј-офот за СП 2022, Италија и понатаму бара решение да се избори за место на Светското првенство во Катар, кое ќе започне на 20 ноември.
Откако се огласија од Украина, и италијанскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Маурицио Масари, го известил претседателит на ФИФА, Џани Инфантино, притискајќи Иран да биде исфрлен од Светското првенство поради фактот што таа земја учествува во руската агресија врз Украина.
Сепак правилата на ФИФА се многу јасни, доколку Иран испадне од Светското првенство, може да биде заменет само со земја од истата конфедерација, а тоа би биле Обединетите Арапски Емирати.
Во моментот Иран на мундијалит се наоѓа во групата „Б“ заедно со репрезентациите на САД, Велс и Англија.
Подготвено од М.Н.