30.10.2022 Скопје
Протестот кој за денеска го најави бугарската партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во Благоевград, во знак на несогласување со отворањето македонски културен клуб во овој град, нема да се одржи блиску до клубот „Никола Вапцаров“.
Тамошните медиуми јавуваат дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, а на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува само на државни празници, и оваа намера е очигледна дека се испраќа порака до тие кои ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб.
На денешното отворање од Македонија присуство најавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на Левица Димитар Апасиев, додека претседателот Стево Пендаровски ќе испрати претставник од неговиот кабинет, а премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема да оди во Благоевград.
Подготвено од М.Н.