https://www.facebook.com/photo.php?fbid=170940375517363&set=pb.100078042045641.-2207520000.&type=3

25.10.2022 Скопје

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, изјави дека постојат механизми за докажување и откривање на состојба со незаконски стекнат имот и очекува дека наскоро ќе биде готова новата драфт верзија на Законот за потекло на имот.

Во најскоро време како Министерство за правда, не само да бидеме запознаени, туку и ќе дадеме свој придонес во официјална смисла на зборот, Законот наскоро да биде донесен.

Тупанчевски посочи дека предметите се поврзани со рокови и дека тие рокови треба да се почитуваат. Ќе ставиме точка на ерата каде што предметите фигуративно стојат во фиоки и сето тоа е направено од субјективни причини. Верувам дека овој период е ветувачки и дека ќе стигнеме до она што се нарекува европска вредност, а тоа е ефикасно и ефекивно судство и обвинителство, истакна министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Подготвено од М.Н.

About Author