https://www.facebook.com/skopskimaraton/photos/a.10150694396891435/10160483180281435

02.10.2022 Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи „Виз Ер Скопски маратон“. На маратонот ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.

Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.

Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија.

Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри ќе биде во 8 часот пред Собранието, а целта на сите трки повторно ќе биде на Плоштадот „Македонија“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *