06.10.2022 Скопје
ОПЕК Плус, групата земји извочнички на нафта во која спаѓа и Русија, одлучи да го намали производството на нафта и на тој начин да влијае на растот на цените. Оваа одлука претставува потег што може да нанесе нов удар на глобалната економија и да ги зголеми цените на горивата на пумпите ширум светот.
Во текот на вчерашниот ден, министрите за енергетика на земјите производители на нафта се договорија да го намалат производството за два милиони барели дневно почнувајќи од ноември.
Групата земји извознички на нафта ОПЕК Плус, во која спаѓа и Русија, се сретнаа во нивното седиште во Виена, за првпат во живо од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година.
Како што информираат од ОПЕК Плус, одлуката е заснована на неизвесноста околу предвидувањата на глобалната економија и на нафтениот пазар.
Подготвено од А.Ѓ.