20.10.2022 Скопје
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, започна кампања во која тврди дека санкциите против Русија ја уништуваат Унгарија, и во унгарските градови се појавија плакати каде што е напишано дека Брисел го уништува унгарскиот народ.
Кампањата се појави откако унгарската влада минатата недела почна национално консултативни истражувања во кое граѓаните се анкетирани по прашањето, дали се согласуваат или не со противењето на унгарската влада кон санкциите на Европската Унија воведени кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.
Орбан постојано тврди дека санкциите и штетат повеќе на Европа отколку на Русија со загрозувањето на снабдувањето со енергија и стабилноста на цените.
Унгарија пред еден месец отворено се изјасни дека се против воведувањето на нов пакет санкции против Русија, и сега Европската комисија работи на суспендирање на пристапот со 7,6 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија.
Заедно со механизмот за условување воведен против Унгарија, ЕУ има можност да ги запре плаќањата од сите фондови кон земјата.
Подготвено од М.Н.