https://www.flickr.com/photos/162909910@N04/50356305291/

31.10.2022 Скопје

По успешната пилот-програма во Кореја, компанијата „Самсунг“ започна со воведување „Режим за одржување“ за уредите Галакси ширум светот, за да им помогне на корисниците да ги заштитат чувствителните податоци кога ги носат своите паметни телефони на поправка.

Овој нов систем треба да ја ублажи загриженоста на корисниците во такви ситуации што никој не може да пристапи до нивните податоци или да ги копира, дури и со физички пристап до уредот.

Потпретседателот на Самсунг и главен службеник за безбедност, Сеунгвон Шин, изјави дека целиот наш живот е на нашите телефони, од информации за кредитни картички до семејни фотографии.

Приоритет ќе имаат моделите од сериите Самсунг Галакси S21 и S22, па тие први ќе ја добијат оваа функција.

Воведувањето на новата функција ќе продолжи во текот на 2023 година, на повеќе модели на Галакси, но Самсунг сè уште не ја објавил листата на модели кои ќе ја добијат оваа функција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author