https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=jens+stoltenberg&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=YJS_vrTIzZmneM

01.10.2022 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден, истакна дека Соединетите Американски Држави се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО, откако претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно вети дека ќе ги брани анектираните украински региони со сите средства.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за анексија, е најсериозната ескалација на конфликтот откако Русија ја нападна Украина во февруари оваа година.

Рускиот претседател Владимир Путин, мобилизираше уште стотици илјади војници, неодговорно се заканува со нуклеарно оружје, а сега и незконски припои неколку украински територии. Ова до сега е најсериозната ескалација која Путин ја има направено од почетокот на оваа војна, ова е најголемиот обид за анексија на европската територија на сила од Втората светска војна, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Подготвено од М.Н.

About Author