https://www.flickr.com/photos/myfwcmedia/52399156967/in/photolist-2nQknNP-2nPMu2w-2nQ46gW-2nPYkAx-2nPSRoJ-2nPRNQc-2nQapzX-2nPN5Xp-2nPmS48-2nRppka-2nQhAQG-2nRYBKg-2nPqUf5-2nQ6zK7-2nR1h8c-2nR8e4o-2nQaGnQ-2nQQiBU-2nRP3yh-2nQ6ATj-2aSdMuj-2nPuq4o-2nRUvpw-2nPRdXN-2nPyS6W-2nR3Q6k-2nScqc7-2nQWtqu-2nR5mj2-2nR3Qie-2nQWuy6-2nQTSUq-2nQh9rC-2nQeeUS-2nQeXzr-2nR7qhb-2nQcM1a-2nR66ba-2nR3Qjw-2nPG5t8-2nQkKMR-2nPYrJ9-2nR5jKR-2nPPQ4L-2nSSigC-2nR6s14-2nR5jQL-2nQbizS-2nQap96-2nPsbHn

19.10.2022 Скопје

Вчеравечер, Вашингтон најави дека ќе даде два милиони долари итна помош за Куба по минувањето на ураганот Ијан, што Хавана ја прифати.

Нед Прајс, портпаролот на Стејт департментот, соопшти дека САД му нудат на кубанскиот народ важна хуманитарна помош преку нивната меѓународна агенција за развој и доверливи меѓународни партнери кои директно соработуваат со Кубанците чии заедници беа уништени од ураганот.

Бруно Родригез, кубанскиот министер за надворешни работи, се заблагодари на американската понуда за хуманитарна помош. Воедно, истакна дека тие два милиони долари ќе бидат наменети за напорите за реконструкција и поддршка за погодените од ураганот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author