https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/52036053415/in/photolist-2nmdxwP-2n46T76-2nnZspR-2ngkFNh-2nhgSBU-2nv8i2t-2nbzwnv-2nhfnLK-2n7Eeep-2nhHncA-2nztPRX-2iS3N8Z-2noy1SP-2n6UhBp-2nmvFEf-2njK4x9-2neyrZ5-2ndQZ94-2npqRd4-2nePy1h-2nsg97K-4pcokG-YfvuQP-2ndTcFS-2iS11hm

21.10.2022 Скопје

Потпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Русија е спремна да направи испорака на храна и ѓубрива на многу земји, меѓутоа ја спречуваат Соединетите Американски Држави.

Свесни сме за значењето на рускиот извоз на храна и ѓубриво, знаеме дека тоа е многу важно за општествениот развој на многу земји, истакна Захарова, и укажа на потребата од обнова на ланците за снабдување и елиминирање на ограничувањата поради санкциите на Западот со кои се соочуваат економските субјекти од Руската федерација.

Спречени сме во извозот на храна и ѓубрива, бидејќи САД зададе удар на стабилното снабдување на храна во светот, отежнувајќи го извозот на руските производи, истакна Захарова.

Подготвено од М.Н.

About Author