srbija i amerika znaminja

08.10.2022 Скопје

Военото аташе на американската амбасада во Србија, Кори Шеј, изјави дека се надева оти воените вежби на Србија со западните партнери ќе продолжат и дека САД ја охрабруваат Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад.

Кори Шеј оцени дека особено треба да се зголеми набавката на опрема за воздухопловните и ПВО системи. Воедно, додаде дека САД обезбедиле опрема вредна повеќе од 14 милиони долари за работа на Центарот за обука за мировни операции во базата „Југ“, возила од брендот Хамер, опрема за борбена симулација, падобрани, машини за изградба на патишта и опрема за дигитална симулација.

Военото аташе на американската амбасада во Србија потенцира дека потпирањето на Србија на руската и кинеската опрема, особено на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана, ги ограничува можностите за соработка, затоа што опремата на САД не се совпаѓа со кинеската и руската опрема.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author