https://www.flickr.com/photos/trongkhiem/52035772857/in/photolist-2nsiuG2-2nv7eFf-2nwun3H-2nwt6zE-2nwnR2q-2nwt6Zc-2nshagz-2nwvw6G-2nwnRjE-2nwumGx-2nwt1FK-2nwt788-2nwuCHH-2nsfVfT-2nwt1Jv-2nwt1jh-2np9Sw1-2nQ8D7s-QeQgMk-2nR97Ta-2noSVpi-2neSX8p-2nah9jg-2kUaL5B-2nAmEKL-2hXR4bc-2ngLAgk-2nbBeQr-2nLacgH-2nckmvK-2ngsqys-2ngApDi-2nKvXUH-2nKtLzt-2n9VzQa-2nhdWnx-2ngdsDn-2hkKcAK-2n77nwD-2n7ay7u-2n9vKud-2nbzhk3-2ned1F6-2nejMFt-2nbt3AT-2nhov36-2nhnte7-2ne7mVx-2ngzMgG-2ngCdks

11.10.2022 Скопје

Белата куќа соопшти дека во доцните часови, американскиот претседател Џо Бајден остварил телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и му ветил дека ќе продолжи со континуираната воена поддршка која е потребна за одбраната на Украина од руската агресија, а ќе бидат донирани и напредни системи за воздушна одбрана.

Во разговорот американскиот претседател Џо Бајден, изразил длабоко сочувство за блиските на убиените и ранетите во овие жестоки напади, исто така, го подвлече неговиот тековен ангажман со сојузниците и партнерите, за Русија да плати висока цена и да се повика за одговорност за воените злосторства соопшти Белата куќа.

Откако зборуваше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Бајден на Твитер напиша дека воздушната одбрана сега е приоритет, односно на прво место, во заедничката обрамбена соработка.

Подготвено од М.Н.

About Author