https://www.flickr.com/photos/126250149@N08/49491843931/in/photolist-2ipqCVZ-5tvxpA-e6wgBk-yP7JV3-adEip2-5LRaVM-Nh3ZgQ-2jBYpDq-JB3ivf-2mmzXix-HuDPFx-FiLb6p-2kgQtpt-5DKsg-9Um55o-e938nD-oLXqPv-bW79xg-KLFRhi-mtgmD-4J5i3i-2hqSDhH-CrJ3h9-4SVTQP-6LZe1r-68DzMF-2iSdMpE-2jXiirD-7ed6RU-291yM1e-2e7yzZk-XJfUid-xvL1QW-2kov88-2kY4tBg-Q1e7T2-6QkcgS-6NfFJ3-6c4WsJ-5FSuE4-pyKmua-HYk9am-aEjGr9-QUL24N-24Y1Lbo-2mQLvi7-2fJUSE6-WCV3Td-2nCNc4q-YDJnxv

18.10.2022 Скопје

Податоците од турскиот статистички институт покажаа дека руските инвестиции во недвижности во Турција се зголемени за 199 проценти во првите девет месеци годинава, во споредба со истиот период од 2021 година.

Руските граѓани, според податоците, купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември.

Продажбата на имот на странци, во целата земја, се зголеми за 32,5 отсто на годишно ниво за периодот и достигнаа 49.644 единици.

Во првите девет месеци најмногу имот е продаден во Истанбул, 19.594 недвижности. Потоа следуваат Анталија со 14.656, Мерсин со 2.596 и Анкара со 2.295 недвижности.

Западниот Измир и црноморските провинции Самсун и Трабзон влегуваат во десетте најжешки дестинации за посочениот период.

Од март има брз пораст на купените живеалишта од страна на руски и украински граѓани. Во првите девет месеци од минатата година, Русите купиле само 3.115 единици недвижен имот.

Бројот на Украинци кои купиле недвижности, исто така, бележи пораст од 125 отсто, достигнувајќи 1.775 купени домови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author