https://www.flickr.com/photos/adamblang/181736168/in/photolist-h4rQd-6nFFQF-Vnei2z-qMkn2G-g6dSrU-63MwQZ-VnekyP-V7LcYy-6ySFML-U7gKzg-6ySFHQ-67bU8A-Vnem8z-VnepMZ-Vnek2r-2im6FMG-VneicV-h4rLP-V7L7Z5-V7L8fW-Vneimc-VnejKV-V7L8uJ-U7gRv4-V7Ld4U-6yNAXx-VnejSP-V9eZLe-VnepGD-6Cmd6F-HDJAE2-VnemgF-Vneqtt-Vhqcem-6ySFtA-6ySFv1-2kypkJs-V7LbD9-V6rTAJ-6yNB86-z291B4-2kkzzFJ-75TiLK-V7Ldiw-V9eZdk-2kyk7nB-U7gMxV-VneokR-6ySFy9-7Abfdb

14.10.2022 Скопје

Пратениците во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, со 99 гласови „за“, ниту еден против и само еден глас воздржан, го усвои амандманот на „Нацрт-резолуцијата за Руската агресија во Украина“, со кој актуелниот руски режим е прогласен за терористички режим.

Советот на Европа стана прва организација во светот која ја прогласи Русија, односно рускиот режим за терористички. Во видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред ПССЕ, побара од Европа да биде првата организација што ќе ја признае Русија како терористичка држава и со тоа Европа да има историска улога во формирањето на суд за руските злосторства во Украина, за да може оние кои се одговорни за војната да поднесат одговорност.

Со Резолуцијата, исто така, руските политички партии кои претходно гласале за нелегални одлуки за нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се сметаат за групи кои го олеснуваат тероризмот.

Пратениците во Стразбур побараа и обезбедување на неопходни системи за противвоздушна одбрана, и ја повикаа Русија за прекин на војната, да ги повлече своите сили од територијата на Украина и да се повлече од сите украински нуклеарни капацитети.

Од Русија побараа и да овозможи пристап за хуманитарните мисии на ОН, Меќународниот комитет на Црвениот крст на Советот на Европа, за да биде олеснета размената на воените заробеници но и да бидат ослободат политичките затвореници.

Подготвено од М.Н.

About Author