ruski vojnici herson

28.10.2022 Скопје

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина.

Во најновиот извештај, британското Министерство за одбрана наведува дека Русите ги засилуваат силите во окупираната област Херсон, западно од реката Днепар, со мобилизирани резервисти, но нагласуваат дека се работи за многу мал број војници.

Од британското разузнавање сметаат дека во изминатите шест недели, руските копнени сили се префрлија на одбранбени позиции на линијата на фронтот, што веројатно е резултат на „драстичниот недостаток на работна сила“ и „лошата обука“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author